Просечната нето плата во Словенија изнесува 1133 евра, што претставува пораст од 3,7 отсто во споредба со минатата година, објави Државниот завод за статистика.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, платите во приватниот сектор пораснале за 3,9 отсто. Уште поголем раст има во јавниот сектор, каде во 2019 година тие биле повисоки за 5,4 отсто во споредба со минатата.

Според Државниот завод за статистика, најголем раст и најголеми плати имаат вработените во енергетскиот сектор, каде просечната плата изнесува 2628 евра

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.