Потрагата по момчето од Бегов Хан и вчера беше завршена без резултат, а епродолжена денеска во утринските часови. Семејството се сомнева дека детето е натрупано со песок во реката.

Поради временските услови, непристапните терени, матната и брза река Босна, за вчера потрагата по 6-годишното момче кое завчера падна во надојден поток откако изгубило рамнотежа над велосипедот, била завршена без резултат.

Со чамци биле пребарани 20 килоемтри терен, а мештените и спасувачките екипи оделе пешки покрај берегот на реката за да ги прегледуваат терените.

Акцијата е продолжена и денеска и се очеклуиваат уште поголем број спасувачки екипи, а кога реката ќе се разбистри и ќе се намали нејзиниот водостој би требало да бидат вклучени и нуркачи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.