Привремениот премиер на Бугарија, Стефан Јанев, по завршувањето на конститутивната седница на новиот парламент, изјави дека се надева дека во најскоро време ќе се формира функционална влада.

Според Јанев, најавената потреба од правосудна реформа е нешто што сите Бугари го очекуваат во моментов.

Во многу од изјавите се слушнаа приоритетите, визии кои се совпаѓаат со оние што ги почна привремената влада, како во однос на трошењето јавни средства, здравствената заштита, така и во образованието, бизнисот и нејзината поддршка – изјави Јанев.

Тој не ја исклучи можноста некои од министрите од привремената влада да бидат дел од новата влада на Бугарија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.