Мирослав Мика Алексиќ, познатиот српски режисер, сценарист и учител по глума синоќа бил уапсен во Белград бидејќи ученички од неговата школа го обвинуваат за силување или сексуално вознемиување, објавија српските медиуми.

Алексиќ е познат со децении како расадник за актерски таленти од неговото училиште за глума.

Познатата млада српска актерка Милена Радуловиќ го обвини Алексиќ за сексуално злоставување, додавајќи дека таа не е единствената, туку дека има уште пет девојки, од кои некои се малолетни, кои го пријавиле во полиција за истото дело.

Ова е монструозна мрежа интелигентно составена во највисокиот круг на општеството, уште од најраните години спакувана во најблагородните форми на уметност и религија на човек кој чекор по чекор знае што прави и со претчувство доаѓа до целта“, изјави Милена Радуловиќ во интервју за српски „Блиц“.

Таа откри дека Алексиќ првпат ја силувал кога имала 17 години, како ученичка во неговата школа и тоа се повторувало повеќе пати.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.