Српската полиција вечерва уапсила едно лице за кое постои основано сомнение дека учествувало во монструозното убиство на тричленото семејство Ѓокиќ во селото Моравац кај Алексинац.

Српските медиуми известуваат дека тој е братучед на семејството Ѓокиќ.

Изјавата ја дал српскиот министер за внатрешни работи Александар Вулин, јавува Телеграф.рс.

„Убиството на семејството Ѓокиќ ја згрози и вознемири цела Србија. Извршено е професионално, трпеливо, методично и очигледно долго време се подготвувало. Благодарение на упорната и несебична работа на припадниците на Полициската управа на Ниш, членовите на полициската управа, како и Дирекцијата за криминалистичка полиција, Основното јавно обвинителство во Алексинац и Вишото јавно обвинителство во Ниш, успеавме да стигнеме до лицето за кое имаме основано сомнение дека учествувал во монструозното убиство на семејството Ѓокиќ“, изјавил српскиот министер за внатрешни работи Александар Вулин.

Вулин нагласил дека е пронајдена значителна сума на пари што му припаѓале на убиеното семејство, а во просториите, односно на имотот што го користел осомничениот, пронајдени се некои други предмети кои „несомнено биле дел од ова страшно и монструозно убиство“, наведува тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.