Возачот на автобусот што излета од автопатот кај Славонски Брод во Хрватска, при што загинаа 10 лица, доби притвор во траење од еден месец проади опасност од бегство, односно напуштање на република Хрватска. Автобусот ќе биде вештачен.

Според полициското соопштение, возачот на косовскиот автовус е осомничен дека предизвикал сообраќајна несреќа со смртоносен исход, за што е предвидена казна затвор од шест месеци до 15 години.

Според локалните медиуми, 26 патници се пуштени од болницата во Славонски Брод, од кои некои се враќаат во Германија со сопствен аранжман, додека за дел од патниците, превозот до Косово го организираат косовски официјални лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.