Неколку минути после полноќ, првите туристи пристигнаа во Црна Гора. Земјата ги отвори границите за оние кои имаат помалку од 25 активни случаи на 100.000 лица. Меѓу нив не се државјаните на Македонија, со оглед дека вчера Владата донесе одлука за задолжителен карантин за нашите граѓани кои ќе сакаат да патуваат во оваа земја.

„Туристи, главно од заподноевропскит еземји, почнаа да влегуваат во Црна Гора веднаш после полноќ, штом стапи на сила мерката влез без карантин за држави со помалку од 25 активни случаи на 100.000 лица“, стои во соопштението на Владата на Црна Гора.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.