Приштинските власти донесоа одлука, зголемувањето на таксите на производите од Србија да го прошират и на робата од странските компании кои имаат погони во Србија.

Тоа практично значи дека во Косово без плаќање на зголемениот данок, не може да влезе ниту еден вид производи од Србија, без оглед на земјата на нивното потекло.

Одлуката е донесена на предлог на министерот за трговија и индустрија, Ендрит Шаља.

Шаља тврди дека нивните партнери и пријатели сугерирале оти секоја роба којашто доаѓа од Србија треба да има еднаков третман, пренесе „Коха“.

Приштина пред повеќе од еден месец, ја подигна на 100 отсто таксата на српските производи, а премиерот Рамуш Харадинај рече дека договорот ЦЕФТА не функционира помеѓу Белград и Приштина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.