Хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ која ќе се бори за нов мандат неколкупати го зголемила богатството од пред доаѓањето на функцијата. Таа според законот за судир на интереси мораше да поднесе извештај и во него се гледа дека пригодите и се зголемиле.

Растот доаѓа најмногу од пензијата која ја прима од НАТО кога му беше заменик на Генералниот секретар, но и од продажбата на имот во Мал Лошињ што го поседувала.

Значајна сума на пари и имот поседува и нејзиниот сопруг Јакоб кој е невработен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.