Хрватската Влада на денешната седница ќе донесе одлука за распишување на претседателските избори, а „Индекс.хр“ дознава дека првиот груг од изборите ќе се одржи на 22 декември, додека вториот на 5 јануари следната година.

Порталот наведува дека одлуката за распишување на изборите ќе стапи во сила на 21 ноември.

Освен одлуката за распишување на претседателските избори, владата денеска ќе донесе одлука и за висината на надоместокот за трошоците за изборна камапња за избор на претседател на Хрватска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.