Премиерот на Унгарија Виктор Орбан и Антонио Коста на средба за идниот буџет на ЕУ Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес во Будимпешта се сретна со премиерот на Португалија Антонио Коста.

Главна тема на разговорите се тешките дебати за идниот буџет на ЕУ и пакетот помош на земјите погодени од корона вирусот. Орбан ја предводи групата земји од средна Европа, позната како В4, во формулирање на заеднички став за идниот буџет. Но, групата воедно бара и други сојузници меѓу европските земји, за да обезбеди правична распределба на буџетот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.