Еден од водачите на Шкаљарскиот клан Јанко Вукадиновиќ, кој е обвинет за обид за убиство на лидерот на Кавачкиот клан Слободан Кашчела имал подготвено детален план за бегство од најпознатиот затвор во Црна Гора-Спуж.

Тој му дал 1000 евра на командирот за да се направи дека не гледа како внесува некои јажиња за бегство. Планот бил за време на прошетката во дворот на затворот да избегаат преку решетка од жиците кои преходно ќе ги исече негов соработник однадвор.

Откако Јанко ќе се провнел низ решетка надвор требало да го чекаат два мотори кои требало да ги однесат на непозната локација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.