За време на првиот ден од преговорите за составување на нова влада во Бугарија, копретседателот на коалицијата „Промената продолжува“ Кирил Петков предложи на учесниците во разговорите да оддадат почит на загинатите во сообраќајната несреќа на магистралниот пат „Струма“, во којашто загинаа најмалку 45 лица.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, сите учесници во политичките разговори пред состанокот со едноминутно молчење оддадоа почит на жртвите во несреќата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.