Излегоа нови декласифицирани документи во врска со бомбардирањето на Србија во 1999 година. Како што објавува „Новости на 24 септември 1998 година, тогашниот советник за национална безбедност на САД го известил претседателот Бил Клинтон дека се подготвува ултиматум за Србија и ако не го исполни ќе биде бомбардирана.

Ултиматумот се состоел околу наводната хуманитарна катастрофа на Косово и одбивањето на српската војска да се повлече од својата јужна покраина.

Со ова се потврдува дека преговорите во Рамбуе кои се одржаа во февруари и март, еден месец пред почетокот на бомбардирањето во април 1999 година биле само параван за воената интервенција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.