Со директен лет од Лезбос, синоќа во Солун пристигна првата група со 165 деца бегалци без придружба, додека, пак, утрово заврши процедурата на пренесување вкупно 408 деца, по големиот пожар кој избувна во бегалскиот камп Мориа на Лезбос.

Процесот на префрлање на децата бегалци без придружба го организираше Меѓународната организација за миграција во соработка со грчката Влада, а со финансиска помош од Европската Комисија.

Како што вчера соопшти претседателот на Националната организација за јавно здравје Панајотис Аркуманеас, сите деца пред заминувањето од Лезбос беа тестирани за Ковид-19.

Во пожар што изби во текот на ноќта во Мориа, најголемиот бегалски камп во Грција, на островот Лезбос, според првичните информации, изгоре голем дел од центарот за прием и регистрација на бегалци и мигранти и околните шатори во кој се сместени 12.580 лица.

Веројатно е дека станува збор за подметнат пожар, односно по реакциите од лицата кои вчера беше потврдено дека се позитивни на коронаврусот или од нивните контакти, кои, според локалните медиуми, одбиле да бидат изолирани, по што следеле и инциденти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.