Амбасадата на Соединетите држави во Подгорица ги предупреди државјаните на САД во Црна Гора на можноста од масовни собири утре, на денот на изборите и им предложи на своите државјани да ги избегнуваат демонстрациите и меѓу останатото и да бидат невидливи.

Црна Гора ќе одржи државни парламентарни избори на 30-ти август. Имајте предвид на можноста за голем број луѓе и собири и дека мирните демонстрации можат да станат насилни. Глобалната пандемија „Ковид-19“ создава дополнителни безбедносни проблеми, соопшти Амбасадата на САД.

Амбасадата им предлага на своите граѓани да избегнуваат демонстрации, да внимаваат доколку неочекувано се најдат во близина на собир на голем број луѓе или протести, да ги следат најавите во локалните медиуми, да бидат невидливи, да носат маски на отворено и да ја одржуваат социјалната дистанца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.