Тела на двајца мажи се пронајдени денес околу 15 часот на улицата Владимир Ружјак во загрепската населба Савица.

Полицијата се сомнева дека се работи за насилна смрт.

Најверојатно станува збор за убиство и самоубиство, соопшти полицијата. Истрагата е во тек.

Дојавата ја добивме во 15 часот, по што полицијата излезе на лице место и пронајде тела на двајца мажи. Истрагата започна околу 17 часот и се уште трае – изјавиe за Индекс.хр од полицијата во Загреб.

Неофицијално се знае дека станува збор за кривично дело сторено во блиско семејство, поточно пресметка меѓу двајца браќа во која едниот го усмртил родениот брат, а потоа и самиот си пресудил.

Како што дознава Индекс.хр, човекот кој го убил својот брат, па себе си, пред шест години ја убил и нивната мајка. Во февруари 2014 година, Мирослав Г. ја избодел мајка си шест пати во грбот и уште најмалку десет пати со кујнски нож ја исекол по градите. Потоа ја оставил својата мајка во локва крв, со карирано ќебе и ја покрил главата, а дел од телото со јакна.

Злосторството е откриено дури следниот ден кога другиот син, загрижен дека ниту мајката ниту братот не одговараат на телефон, дошол во семејниот стан.  Во 2014 година тој бил осуден на шест години затвор за кривично дело убиство.

Тој бил ослободен минатата година, а братот што го убил бил негов старател, бидејќи бил прогласен за непресметлив. Судот донел одлука тој да се врати да живее со својот брат во станот во кој ја убил својата мајка.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.