Саша Броз, театарска режисерка и внука на Тито, во интервју за „Вечерњи лист“ призна дека нејзината ќерка Сара сакала да се ослободи од товарот на познатите презимиња на нејзините родители и затоа избра ново.

Сара пред две години ни ја соопшти одлуката и реши да се презива Хас. Ранко и јас знаеме што значи да го носиш тој товар, бидејќи негов татко е познатиот глумец Крешимир Зидариќ. Ја поддржавме бидејќи чувствуваме дека нејзината одлука е природна и оти има смисла, изјави Саша Броз.

Инаку, Херта Хас е една од четирите официјално признаени сопруги на Јосип Броз Тито. Го запознала во 1937 година во Париз. Почнале да живеат заедно во изнајмена куќа во Загреб, а заедно биле до 1941 година. По Титовото заминување, Херта го родила синот Александар Мишо Броз. Починала во Белград во 2010 година.

За разлика од ќерка си, Саша Броз научила да живее со познатото презиме.

Имам 53 години и научив да живеам со тоа. Горда сум на своето презиме. Театарот е специфичен медиум и тука презимето не значи ништо. Важен е печатот што го оставате со својата работа, а тоа нема врска со генетиката. Затоа го избрав за моја професија и останав во оваа област по завршувањето на балетската кариера, вели Саша Броз.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.