Правникот Бошко Жупановиќ поднесе пријава против хрватската пејачка Јосипа Лисац за нејзината изведба на хрватската химна на инаугурацијата на новоизбраниот, петти по ред претседател Зоран Милановиќ. Јосипа Лисац пред два дена, на инаугурацијата на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, ја отпеа хрватската национална химна „Лијепа наша домовино“.

Во пријавата пишува дека Лисац ја извела химната на Република Хрватска на „навредлив и омаловажувачки“ начин и со тоа го нарушила угледот на државата користејќи „навредливи артикулации и тоналитети“.

Јас не сакам медиумско внимание. Го направив тоа како адвокат и граѓанин. Мислам дека тоа е обично исмејување и дека не прилега за никаков настан, а камоли за инаугурација на избраниот хрватски претседател, рече Жупановиќ за Индекс, додавајќи дека ова го смета за своја граѓанска должност.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.