Убиството на Страхиња Стојановиќ, чиј џип беше разнесен со експлозив се уште би бранува српските кругови.

Информациите говорат дека тој бил виновен, односно вмешан во многу убиства, за на крајот да загине на сличен начин каков што им подготвувал на своите жртви. Еднаш веќе успеал да се спаси од обид за убиство, но овојпат нападот врз него заврши фатално.

Инаку убијците го лоцирале Стојановиќ, благодарение на неговата девојка Соња Суарез Гомез и нејзиниот профил на Инстграм. Таа шест месеци била во врска со него и не се одвојувала од него. Има јавен профил на Инстаграм на кој била многу активна и постојано објавувала фотографии со Страхиња. Тие летово биле на Златибор и Копаоник, а таа секој заеднички момент го користела за селфи. Ставалка фотографии и објавувала локации на кои се наоѓале во тој момент. Поради тоа се претпоставува дека тоа им ја олеснило работата на егзекуторите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.