Специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп за мировните преговори меѓу Косово и Србија, Ричард Гренел изјави денеска дека Приштина мора да ги укине таксите и дека утре ќе побара од Белград да прекине со кампањата за повлекување на признавањето на независноста на Косово.

– Важно е да продолжи економскиот развој и таксите зголемени за 100 проценти мора да бидат укинати. Ова е единствената работа што треба да се повлече, а во исто време да се запре кампањата за повлекување на признавањето што ја води Србија, рече Гренел по средбата со мандатарот Албин Курти.

Американскиот дипломат истакна дека неговата мисија е посветена на економскиот развој и дека царините мора да бидат укинати за да може да се напредува.

Пораката за укинување на таксите тој синоќа ја пренесе и на косовскиот претседател Хашим Тачи.

Гренел утре ќе оди за Белград каде ќе разговара со српскиот претседател Александар Вучиќ за продолжување на дијалогот помеѓу Белград и Приштина

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.