Хрватска ја потресе веста дека во црниот корона биланс се впишува и името на 11-годишно момче које ноќеска почина во Загреб по тешки компликации предизвикани од корона вирусот. Момчето е првиот случај на починато дете во земјата. Не се знае колку луѓе боледуваат од постковид синдром, но во моментов се формира мрежа за следење во хрватска, изјавил инфектологот Горан Тешовиќ од Заводот за инфективни болести кај децата при Клиниката за инфективни болести „Д-р Фран Михаљевиќ“.

На оваа инфективна клиника, велат досега имало околу 15 деца, а во моментов 4 се лекуваат. Првото дете со овој синдром се јавило во мај, а првите случаи во лидературата се опишани пролетта во Италија, Велика Британија и САД.

Тоа е дијагноза која се бара при прием на дете во болница и се применуваат дијагностички критериуми на ЦДЦ и СЗО. Се постапува според препораките, а ова е првпат да заврши со смрт, Смртноста не е голема, но е опишана, истакнува Тешовиќ.

Зголемениот број на заболени деца во клиниката се бележи од есента. Ова дете од почетокот имало тешка клиничка слика, забележува лекарот.

На 21 јануари во раните попладневни часови бил примен малолетен пациент со темепратура, главоболка и болки во стомакот. Поради сомнеж на акутна абдоменална оссотојба, задржан е на одделението за детска хирургија. По направените испитувања контатирано е дека има пореметување на работата на црниот дроб, бубрезите и сепса, па детето е преместено на интензивно лекување. Детето е оперирано, а во текот на операцијата дошло до застој на работата на срцето. По успешната реанимација довршена е операцијата. Со оглед на наодите и вкупната состојба на дететот, била потребна респираторна и кардиоваскуларна поддршка, вели д-р Роиќ и додава дека лекарите се сомневале на мултиоргански инфламарен синдром, една од можните компликации на ковид 19

Во меѓувреме добивме наод дека детето е ковид позитивно и поради тоа е преместено во Клиниката за инфективни болести, вели тој и додава дека се работни за многу тешка компликација.

Се е преземено. Тоа имунолошка реакција е многу тешка иако релативно ретко се случува. Колку што знам, имало дваесетина случаи на детска возраст. Но, ова е изразито тешка форма на таа компликација. Ова беше драстичен случај, брзо се развиваше и покрај сите мерки и навременото лекување, вели Роиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.