Тело на познат српски спортски работник, Предраг Матиќ, вчера било најдено во фаза на распаѓање во неговиот стан во Параќин.

Мртвото тело на 57-годишниот маж го пронашла полицијата, која насилно влегла во станот по дојава за неподнослива миризба. Смртта, било констатирано дека настапила по природен пат, а мртвото тело се распаѓало десет дена.

Станарите пријавија дека се шири неподнослив мирис, бев до подрумот, но ништо не открив. Кај Предраг заѕвонев на врата, но никој не отвори, тропав и лупав со денови. Викнав полиција. Констатираа дека човекот умрел од инфаркт, вели сосед.

Живеел сам, не бил оженет и немал деца.

Соседите се затечени од веста за смртта зошто бил релативно млад, водел здрав живот и немал проблеми со здравјето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.