Јосип Роѓак (54) е таткото кој утрово си ги фрли своите 4 малолетни деца од прозор на хрватскиот оствор Паг од првиот кат на неговата куќа. Како што јавува Индекс.хр, тој работел како ноќен чувар во автокамп, а во моментов е на распит во полицијата.

Како што јавува радиот Паг, Јосип бил под надзор на Центарот за социјална заштита, а ќерката на неговата сопруга од нејзиниот претходен брак им била одземена. Според нивни извори, таа самата побарала да си замине од ова семејство.

Веќе беше објавено дека две од четририте деца минале со потешки повреди, а за во 12 часот закажана е вонредна прес конференција на која ќе се соопштат детали за нивната состојба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.