Грчкиот новинар, Јоргос Караиваз, е застрелан во предградието на Алимос во јужниот дел на Атина, во моментите кога одел кон својот дом.

Според првичните извештаи, Караиваз бил погоден најмалку шест пати.

Во нападот ги има сите елементи на планираната заседа – објави Катимерини.

Караиваз, искусен и познат новинар кој известуваше за злосторството, се враќал од работа по една емисија на ТВ Стар. Убијците го изрешетале, користејќи придушувачи, а се верува дека биле на мотор

Тој е пронајден мртов покрај неговиот автомобил паркиран во близина на парк во близина на неговиот дом.

Убиството предизвика шок во Грција, особено кај новинарите, а многумина сметаат дека истражувањето на Караиваз за криминалците има врска со убиството, јавија грчките медиуми.

Караиваз е познат по известување за грчката полиција и криминал, а работел и на страницата „bloko.gr“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.