Страотниот пожар во Словенија се гледа од вселената.

Огнот од словенечкиот регион Крас, кој гори со денови, се прошири и на општина Хрпеље-Козина. Во гаснењето на пожарот се вклучени повеќе од 1.000 пожарникари, а помош стигна и од странски земји. Утрово имало слаб дожд, но тој не помогнал многу.

Во гаснењето на пожарот вчера учествуваа 13 хеликоптери и авиони од Словенија, Хрватска, Србија, Австрија, Унгарија и Италија, а денеска се разгледува можноста за вклучување на два романски авиони „Спартан“ лоцирани на аеродромот во Љубљана. Повеќе европски земји ова лето се бореа и се борат со пожари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.