Пожар во тревна област изби по 13 часот по локално време во Мегара, предградие во западниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, а од грчката Противпожарна служба, соопштуваат дека во гаснењето учествуваат 51 пожарникар, 19 возила, членови на специјализираната противпожарна бригада, еден пешадиски тим и два хеликоптера, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчките медиуми, пожарот е во близина на населено место и во околината има куќи.

Од Генералниот секретаријат за цивилна заштита соопштуваат дека генералниот секретар за цивилна заштита, Никос Хардаљас итно заминал во предградието каде што изби пожарот.

Мегара се наоѓа на околу 50 километри западно од центарот на Атина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.