Во шумскиот пожар што избувна синоќа во одморалиштето Неа Макри, 38 километри североисточно од Атина, гори макија и борови дрвја, се дознава од противпожарната служба.

Пожарот избувна во 22:35 часот по локално време, во близина на куќите во Неа Макра и беа издадени препораки за превентивна евакуација“, изјави противпожарен бригадир за Франс прес.

Во гаснењето на пожарот учествувале седумдесет пожарникари и дваесетина возила, рече тој.

Грција беше погодена од високи температури и шумски пожари на почетокот на август, кога изгореа повеќе од 100.000 хектари земја, северозападно од Атина, во подножјето на планината Парнасус, на северот од островот Евија, 200 километри од главниот град и на Пелопонез на југ. Во тие пожари загинаа три лица.

Експертите сметаат дека зголемената фреквенција на пожари може да биде поврзана со климатските промени. Топлотните бранови се непобитен доказ за ова и тие ќе бидат почести, подолги и посилни, што создава идеални услови за пожари.

На состанок на врвот во Атина во петокот, девет земји на југот на ЕУ ја повторија „цврстата одлука“ за спроведување на Парискиот договор од 2015 година, со кој се обидува да се ограничи глобалното затоплување на 1,5 степени Целзиусови, додека ОН предупредуваат дека светот се движи кон „катастрофални“ 2,7 степени.

Минатата недела, температурите во некои делови на Грција надминаа 35 степени Целзиусови, вклучувајќи ја и Атика, а во понеделник се спуштија до 32 степени. Метеоролозите предвидуваат дека од вторник ќе се залади.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.