Деветнаесет полицајци, и 17 учесници на протестот се повредени после вчерашните протести во Белград по повод најавите на претседателот Александар Вучиќ за воведување полициски час.

Од итната помош во Белград, соопштија дека пред Собранието, ноќеска биле стационирани 12 медицински тимови.

Еден полицаец бил повреден како пешак со сообраќајна несреќа кога бил удрен од патничко возило.

Тоа беше втора вечер како во Белград има протести поради најавата на претседателот Вучиќ за воведување на полициски час. Но, вчера здравствените власти најавија дека ќе има рестриктивни мерки, но полициски час не е во опција.

Протести имаше и во другите поголеми српски градови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.