Повеќе од 16.000 косовски граѓани се откажаа од државјанството во изминатите три години, објави РТК, повикувајќи се на извештаи од Министерството за внатрешни работи.

Само во текот на минатата година, повеќе од 5.300 граѓани се откажале од косовското државјанство, а Министерството за внатрешни работи вели дека главната причина за тоа е неможноста да се има двојно државјанство во земјите во кои емигрирале.

Службеникот за информации за Министерството за внатрешни работи, Роксана Кари, во изјава за Радио Косово, рече дека „во текот на 2019 година, 5.350 граѓани, претежно Албанци, се откажале од државјанството. Во текот на 2018 година, 5.463 и во 2017 година, бројот на лица кои не сакале во документите да им пишува жител на Косово бил 5.700 “.

Вкупно 16.513 косовски државјани, во изминатите три години, се откажаа од косовско државјанство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.