Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на вонредна прес-конференција објави дека во Хрватска е потврден коронавирус кај еден пациент кој е хоспитализиран.

Се работи за помлад човек, но и за поблаг тип на болеста. Засега се чувствува добро, објави Пленковиќ.

Министерот за здравство Вили Берош извести дека пациентот меѓу 19 и 21 февруари бил во Милано и покажува поблаги знаци на болеста.

Се надеваме дека така ќе остани. Организираме карантин за сите кои биле во непосреден контакт со пациентот, рече министерот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.