Во Босна и Херцеговина, поточно на подрачјето на Република Српска, е потврден првиот случај на заразен со коронавирус, потврди Министерството за здравство на Република Српска, пренесе Кликс.ба.

Во Република Српска во моментов под надѕор се наоѓаат 44 лица, кои допатувале од подрачја зафатени со вирусот, а досега не бил пријавен ниеден случај на заболен.

На подрачјето на Федерацијата БиХ досега не е регистриран ниту еден случај на болеста предизвикана од новиот коронавирус.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.