Раководството на ВМРО-БНД после слабите резултати од изборите на 14 ноември во Бугарија си поднесува оставка. Покрај претседателот на партијата, Красимир Каракачанов, оставка поднесоа и потпретседателите Ангел Џамбаски, Искрен Веселинов, Милен Михов и Атанас Стојанов.

Токму последниот, кој е и градоначалник на Сандански, во неделата беше уапсен и задржан 24 часа во полиција за купување гласови.

Откако помина 24 часа во полициска станица, за потоа за бугарските медиуми изјавил дека не знае ништо за пликовите со пари и списоците со имиња кои биле најдени во неговиот автомобил во неделата попладне, откако тие ги пријавил еден граѓанин.

Воопшто не сум ги допрел пликовите кои што беа најдени во мојот автомобил. Веројатно некаде сум ја оставил колата отклучена и ми ги ставиле. Со рака на срцето кажувам дека немам врска со тоа, изјави Стојанов.

Бугарската полиција соопшти дека истрагата за случајот ќе продолжи.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.