Во повеќето делови на Босна и Херцеговина, во сила е портокалово предупредување поради неповолни временски услови.

Портокаловото предупредување поради обилните врнежи од дожд е во сила за областите Бања Лука, Сараево, Тузла, Бихаќ, Приједор и Вишеград.

Жолто предупредување поради грмотевицата важи и за областите Фоша, Мостар, Ливно и Требиње.

Утрово времето во Босна и Херцеговина е претежно облачно, умерено облачно на југот на земјата. Локално врне во Босна.

Денес се очекува да биде претежно облачно, делумно ведро на југот на земјата.И понатаму време проследено со врнежи од дожд и грмежи. Локално пообилни дождови во попладневните и вечерните часови. Ветер слаб до умерен на север и североисток. Највисоката дневна температура на воздухот е претежно помеѓу 22 и 26, на југот на земјата до 30 степени.

Претежно облачно во Сараево. Врнежите се очекуваат во втората половина на денот. Највисоката дневна температура на воздухот е околу 24 степени, според метеорологот на Федералниот хидрометеоролошки институт на БиХ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.