САД ќе извршат притисок за побрзо решавање на проблемите меѓу Бугарија и Македонија, смета поранешениот шеф на бугарската Национална разузнавачка служба, генерал Димо Ѓуров.

Во изјава за ТВ Нова, Ѓуров вели дека новата админстрација на американскиот преседател Џо Бајден и Демократската партија се заинтересирани за побрз развој на земјите Западен Балкан и нивно приклучување кон Западна Европа и затоа може да се очекува притисок од Вашингтон за решавање на спорот меѓу Софија и Скопје.

– Поради тоа, ние треба да ја аргументираме нашата позиција зашто Американците разбираат аргументи и јасна позиција, и таа задача е во рацете на бугарската дипломатија, вели Ѓуров.

Поранешниот прв бугарски разузнавач очекува притисок од САД и за енергетските проекти во Бугарија во кои е вклучена и Русија, особено за транзит на гас, како и за запирање на проектот за изградба на нуклераната централа Белене

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.