Поранешната претседателка на Врховниот суд на Црна Гора, Весна Меденица, се обидела да се самоубие во Клиничкиот центар на Црна Гора (КЦЦГ), дознава „Вијести“.

Според „Вијести“, Меденица се обидела да си го пресече вратот со стакло но енадвор од животна опасност.

На Меденица денеска со решение на истражната судијка на Вишиот суд, Сузана Мугоша и е одредена мерка притвор до 30 дена.

Специјалното државно обвинителство (СДТ) се сомнева дека сторила две кривични дела – создавање криминална организација и противзаконско влијание.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.