Европската комисија ги поздравува санкциите на САД поврзани за организираниот криминал на Западен Балкан, изјави портпаролот за надворешна политика, Петер Стано.

Тој го коментираше твитот на шефот на ЕУ дипломатијата објавен утрово во кој Хосеп Борел ја поздравува одлуката на САД да изрече санкции против 16 лица и 24 ентитети вмешани во организиран криминал во Европа и западната хемисфера.

Означувањето од страна на САД е важен чекор во борбата против организиран криминал на Западен Балкан, отплеткувањето на транснационалните криминални мрежи придонесува кон безбедност, стабилност и подобрување на владеењето на правото во целиот регион – напиша Борел на Твитер.

Петер Стано порача дека Европската Комисија стои зад тој твит и додаде дека таа е посветена да соработува со партнерите во регионот за да се доведе до стандардите на ЕУ.

Борбата против организираниот криминал е строг услов за владеењето на правото и приближувањето кон ЕУ, погенерално ги следиме парите што им ги даваме на партнерите и начинот на кој тие се борат против организираниот криминал и корупцијата, ова е нешто што го сфаќаме многу сериозно – изјави Стано.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.