Лекарите од Универзитетската клиника во Тирана и Регионалната болница во Скадар, денеска излегоа на протест поради зачестеното насилството врз нивните колеги.

Во болницата во Скадар, работата е прекината привремено во знак на солдарност по последнте случаи на напад врз белите мантил.

Во Тирана, на протестот на лекарите им се придружи и заменик-министерката за здравство Мира Ракацоли.

Лекарите од Унивезитетската клиника во Тирана го осудија насилството врз белите мантил,кое како што рекоа влијае врз квалитетот на услугите.

Силно веруваме дека работната средина на лекарите треба да биде далеку од секаков вид насилство, без било какво малтретирање. Насилството прозведува насилство, депресија и директно влијае на квалитетот на вниманиото и услугите. Ако лекарите и медицинските сестри не се безбедни, ниту пацентите не се безбедни. Потребно е да ја смениме културата на однесување – порачаа учесниците на протестот во Тирана.

Тие упатија апел за обединување и заедничко делување за да се каже „стоп на насилството“и побараа да се разгледа Уставот и да се зголемат казните.

Ова е повик до државните институции, до сите потребни механизми за да се вклучат во нашата заштита. Дојде време да се измени и Уставот за да се зголемат казните за насилство врз белите мантили. Ве молам верувајте во лекарите и медицинските сестри. Стоп на насилство против медицинскиот персонал – порачаа лекарите.

Заменик минстерката Ракацоли најави измени и дополнување на Кривичниот законик, ко ќе се однесуваат на зајакнување на мерките против насилниците врз лекарите .

Ќе се донесат мерки за посебна заштита на белите мантили а реорганизацијата на безбедносната служба во секоја болница ќе биде дополнителна мерка. Наслството врз здравствените работнци е за секаква осуда и е неприфатливо – рече Ракацоли.

Лекарите од клиниката во Тирана протестираа и вчера.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.