Специјални тимови за спасување евакуираа 34 лица од згради поплавени од најдодената вода во Лесковац, Бојник и во Бујановац. Градскиот штаб за вонредни состојби на градот Ниш прогласи вонредна состојба поради природна катастрофа предизвикана од невремето.

Откако за 24 часа наврнаа 55 литри дожд на метар квадратен, Јужна Морава се излеа во Врање. Во Пирот, поради обилните врнежи од дожд, поплавени се приградски и рурални населби, а најкритично е во Рогож, Кавка, како и селата Темска и Рудињ.

На предлог на Штабот за вонредни состојби, претседателот на општината, Братислав Петровиќ, воведе вонредна состојба во Власотинце, поради штетата предизвикана од обилните дождови во претходните неколку дена.

Петровиќ соопшти дека ќе се ангажира дополнителна механизација, ќе бидат евакуирани и згрижени загрозени жители, како и ќе се формира комисија за проценка на штетата на инфраструктурата, домувањето и помошните објекти и земјоделското земјиште.

Поради обилните врнежи од дожд и излевањето на реката Власина, општина Власотинце беше без вода, а планинските села останаа без електрична енергија. Во пониските делови на таа општина беа поплавени куќи и дворови, а граѓаните и членовите на штабот за вонредни состојби дежураа со полициските и противпожарните екипи на многу локации во Власотинце.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.