Австрија ќе воспостави ноќна железничка врска со Романија преку Унгарија со цел во текот на пандемијата со Ковид-19 да можат романските негователки и друг помошен медицински персонал да пристигне во земјата.

Австрискиот систем за нега на постарите и другите лица во голема мера зависи од работниците од Источна Европа и затоа Виена ги отвори границите за работниците од соседните држави Словачка, Чешка и Словенија.

Но, главниот извор е Романија и наместо работниците да ги превезува со авион, Австрија од 2 мај ќе воспостави ноќни возови, со цел да се спроведе мерката за физичка дистанца.

– Мило ми е што и покрај затворените граници успеавме да организираме заеднички коридор за работниците од Романија. Околу 33.000 луѓе во Австрија имаат потреба од 24-часовна нега, изјави австриската министерка за внатрешни работи Каролина Едтстадлер.

Предвидено е директната врска со Темишвар и на почетокот возот ќе сообраќа еднаш неделно, а по потреба може да се организира трипати неделно

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.