Од јануари до јули 2020 година, Босна и Херцеговина извезе вкупно стоки во вредност од пет милијарди и 96 милиони конвертибилни марки (КМ), што е за една милијарда КМ помалку отколку во истиот период минатата година.

Во исто време, увезела стока во вредност од вкупно осум милијарди и 192 милиони КМ, според Комората за надворешна трговија на БиХ.

Увозот во истиот период во 2019 година беше 11 милијарди и 524 милиони КМ.

Во 2020 година, Босна и Херцеговина извезе стока со најголема вредност во Германија, вкупно 793 милиони и 800 илјади КМ, додека на второ место стоките беа извезени во Хрватска, со вкупна вредност од 715 милиони и 548 илјади КМ. Германија, како најзначаен надворешно-трговски партнер на Босна и Херцеговина, до јули 2020 година увезе стоки во вредност од 744 милиони и 442 илјади КМ

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.