Народната банка на Србија (НБС) на чело со гувернерката Јоргованка Табаковиќ денеска ќе ги објави конкретните мерки во врска со одложување на плаќањето кредити.

Централната банка во текот на денов ќе ги соопшти сите детали и ќе одговори на прашања во врска со тоа на кого ќе се однесуваат мерките и што конкретно ќе подразбираат.

Повеќе од милион граѓани на Србија, колку што имаат станбени, потрошуваќки и кеш кредити во банките, ги чекаат деталите за одлуката за одложување на наплатата на месечните рати, кои како можна мерка ги најави и српскиот претседател Александар Вучиќ.

Претседателот на Србија рече дека ќе побара од комерцијалните банки мораториум, односно одложување на отплата на кредитите на три месеци, а министерот за финансии Синиша Мали утрово изрази очекување дека Народната банка на Србија ќе излезе со мораториум за отплата на заемите. Според него, овие мерки треба да важат и за правни и за физички лица

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.