Веб странците на албанската Влада и јавните онлајн сервиси во земјата се привремено затворени по кибер напад извршен надвор од земјата, јави дописничката на МИА од Тирана. 

Националната агенција за информатичко општество информира дека кибер криминалниот напад е синхронизиран и софистициран и за да се „соочат со овие невидени и опасни напади, принудени се да ги затворат системите“. 

– Ги информираме албанските граѓани дека сме принудени привремено да го затвориме пристапот до онлајн јавните услуги и другите владини веб-страници, бидејќи се соочуваме со синхронизиран и софистициран кибер-криминален напад надвор од Албанија. За да ги издржиме овие невидени и опасни напади, принудени сме да ги затвориме владините системи додека не се неутрализираат непријателските напади, се наведува во соопштението на Агенцијата.  

Се додава дека Агенцијата работи  со тимот на Microsoft, тимот на Jones Group International и тимовите на албанските компании од оваа област за да се „спречи овој кибер напад за да не ги оштети или загрози албанските информациски системи“. 

– Ги повикуваме граѓаните, медиумите, бизнисите и сите други актери да се сензибилизираат за да се разбие овој напад на албанските национални интереси и да се разбере привремената состојба на непристапност до јавните услуги, се навеува во соопштението.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.