Обилен дожд со грмотивици утрово го погоди Јадранот, а врнежи се најавуваат во текот на целиот ден.

Силното невреме предизвика многу улици во центарот на Сплит да бидат поплавени. На снимките објавени на хрватските медиуми, може да се види дека во центарот на градот се формирани помали езера. Поплавени се и главните градски сообраќајници

Автоматската метеоролошка станица Сплит-Спинут бележи дури 47 литри врнежи од полноќ, од кои 36 литри од 8:30 до 9:30 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.