Во делови од Белград вчера за помалку од два часа наврна количина дожд колку за цел месец.
Според податоци на Хидрометеоролошкиот завод, во Борча вчера наврнале околу 100 литри дожд на квадратен метар, додека просечната количина врз основа на 100-годишната низа за јуни е 85 литри, изјави за Танјуг, Невена Живановиќ од РХМЗ.

Во центарот на градот наврнало околу 30 литри на квадратен метар додека во други делови – од 50-60 литри дожд.

Граѓаните на социјалните мрежи споделуваат фотографии и видеа за „фонтани“ кои се појавиле на повеќе улици во главниот град на Србија.

Заменик-градоначалникот на Белград, Горан Весиќ, изјави дека по обилните дождови што го погодија главниот град, биле преплавени 20 детски градинки и дека 6.000 домаќинства немаат електрична енергија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.