Аеродромот „Никола Тесла“ во Белград попладнево се затвора за меѓународен сообраќај, јавува Танјуг.

Српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ ќе ја разгледаат можноста за затворање на границата за патнички сообраќај.

Министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ истакнал дека денеска ќе се разгледаат мерките додавајќи дека на белградскиот аеродром ќе може да се слета само со посебна дозвола на српската Влада.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.