Илјадници демонстранти пред грчкиот парламент извикуваа „Помпео оди си дома!”, додека центарот на Атина е затворен за сообраќај, со силно полициско присуство. Додека антиамериканските демонстранти протестираа против неговата посета, државниот секретар на САД, Мајк Помпео зборуваше за важноста на потпишувањето на договорот за одбрана и дека Грција би можела да биде „столб на стабилноста во регионот“.

„Грција може да игра важна стратешка улога во регионот“ и „може да биде столб на стабилноста“, рече Помпео, кој се состана со премиерот Киријакос Мицотакис.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.