По примерот на мерките воведени во Франција и Германија од вторник, во Грција стапуваат во сила нови ограничувања, но не во целата држава, туку во регионите со лоша епидемиолошка слика и зголемен број нови случаи.

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во телевизиска порака до граѓаните за вториот бран на пандемијата, ги соопшти новите мерки за заштита на јавното здравје, а во мини карантин, еден месец влегуваат Северна Грција и областа Атика, јави дописничката на МИА од Атина.

Освен полицискиот час од полноќ до 5 часот, се затвораат кафулињата, рестораните, кината, театрите, судовите, археолошките локалитети и музеите, фитнес центрите… Отворени ќе бидат продавниците, фризерските салони, хотелите и училиштата и нема да се забрани движење меѓу регионите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.