Солун, Лариса, Халкидики и Килкис од утре преминуваат во црвената зона и се воведува полициски час од еден часот по полноќ до шест часот наутро и забрана за музика во угостителските објекти во текот на целиот ден, а истите рестрикции се продолжуваат во седум грчки региони, јави дописничката на МИА од Атина.

Поради влошената епидемиолошка состојба, четирите региони од северна Грција, веќе се во црвената категорија, а рестрикциите стапуваат во сила утре наутро и ќе важат до следниот петок.

Рестриктивните мерки се продолжени и во областа Пиерија во која спаѓаат Катерини, Паралија, Неи Пори, Платамона и сл, во областите Иматија, Пела, Кавала, Касторија и Ксанти, сите во северниот дел на земјата.

Поголемиот дел од Грција е во портокаловата зона, а само неколку региони, повеќето од нив острови, се во зелената категорија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.