Стотици граѓани се собраа о центарот на Белград на протест против загадениот воздух.

Протестот е организиран од група граѓани „Еко стража“ бидејќи, како што тврдат, српската Влада не реагирала на проблемот со загадениот воздух во земјаta.

Активистите на „Еко стража“ веќе неколку години предупредуваат на загаденоста на воздухот, наведувајќи дека Белград е најзагаден милионски град во Европа, но дека неколку градови во Србија се во полоша ситуација од Белград.

Претставник на организаторот побара граѓаните кои беа приведени за време на вчерашните протести мора да бидат ослободени од притвор.

За време на протестните блокади на патишта и мостовите низ Србија, што се одржаа во саботата, поради усвојувањето на законот за експропријација и референдум, имаше судири меѓу демонстрантите и полицијата, имаше напади на демонстранти, а повеќе граѓани беа приведени во Шабац, Нови Сад, Ваљево и во Прељина.

На социјалните мрежи беа објавени и снимки од бруталниот однос на полицијата кон демонстрантите. Една од најлошите сцени од вчерашните протести е забележана на патот кај „Сава Центар“, при што командирот на полициската управа Савски Венац исфрла девојка преку заштитната ограда.

– Во тие напади беа повредени неколку лица, а еден од активистите заврши во Ургентниот центар. Хулиганите кои беа маскирани со качулки ги искршија стаклата на тракторите кои биле поставени во блокада преку патот, а други медиуми го наведуваат случајот со министерот за внатрешни работи Александар Вулин, кој вчера беше на белградските улици заедно со полицијата – пишува порталот Нова.

МВР во саботата соопшти дека блокадите на патиштата и непријавените собири се „прекршување на законот“.

Адвокатот Родољуб Шабиќ, поранешен заштитник на граѓаните, за Бета оцени дека апсењата на граѓани кои учествувале во мирните протести и употребата на сила од страна на полицијата се загрижувачки од аспект на човековите права и законитоста.

Синоќа околу двесте граѓани во Шабац се собраа пред Полициската управа, барајќи ослободување на уапсените трактористи кои учествуваа во блокадата на Нови мост, а беше даден рок до понеделник да бидат уапсени и кривично гонети виновниците за нередите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.